Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од КООРДИНАТОР НА ДОСТАВА
Локација: Скопје
Оддел: Логистика
Рок за пријавување: 15.11.2024
Позиција: 1
КООРДИНАТОР НА ДОСТАВА:
Координаторот за транспорт е одговорен за планирање, менаџирање и подобрување на дистрибуцијата. Координаторот за транспорт треба да ги предвидува дистрибутивните потреби, да ги надгледува патните налози кои излегуваат на дневна основа и да планира ефикасен и безбеден транспорт.
Одговорности како Координатор на достава :
- Планирање на достава на дневно и неделно ниво
- Следење на нарачки со цел ефикасно планирање на доставата
- Следење на трошоците за доставата (внатрешна и надворешна)
- Предложува иницијативи за заштедување на трошоци за достава
- Гарантира за целосна и точна документација
- Ја организира целосната документација за достава
Услови за работа:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време- 40 часа;
- Работа на определено време со можност за премин на неопределено;
- Пријатна работна атмосфера;
- Приватно здравствено осигурување;
- Исплата на минат труд;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Возачка дозвола, Ц категорија;
- Комуникациски вештини;
- Општо познавање на модерната комуникациска технологија и познавање на софтвери за логистичко работење;
- Претходно искуство со Microsoft Teams
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 15.11.2024