Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРО ТАБАК ДОО
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Комерцијалист/ка за реон Гостивар
Локација: реон Гостивар Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 16.11.2024
Позиција: 1
Цел на работното место:
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Услови за работа:
Редовна месечна плата;
Полно работно време- 40 часа;
Работа на определено време со можност за премин на неопределено;
Пријатна работна атмосфера;
Приватно здравствено осигурување;
Исплата на минат труд;
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
Средно или високо образование;
Возачка дозвола, Б категорија;
Најмалку 1 година искуство во продажба;
Комуникациски вештини;
Познавање на англиски јазик;
Искуство во работење со канцелариска опрема;
Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Способност за управување со патничко возило;
Работни задачи:
Планирање и организирање на продажни активности;
Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
Развивање и одржување на односите со клиентите;
Прием на нарачки и наплата;
Изработка на потребна документација;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 16.11.2024
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!