Vrabotuvanje.com - Соработник во финансии - Скопје - МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник во финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ

 

МЕГА Ауто Партс е специјализирана компанија за увоз, дистрибуција и големопродажба на автомобилски оригинални резервни делови од реномирани производители од Германија и Западна Европа.  МЕГА Ауто Партс е основана во 1998 година и со текот на годините е изградена репутација на добро организирана компанија која нуди висококвалитетни автомобилски делови, одлична услуга и професионалност, позиционирајќи се како една од водечките компании во бизнисот со резервни автомобилски делови.

Поради зголемениот обем на работа  МЕГА Ауто Партс  го проширува својот тим и ги охрабрува мотивираните и талентирани професионалци да ги поднесат своите апликации за следната работнa позиција:

СОРАБОТНИК ВО ФИНАНСИИ ( 1 позиција)

 

Потребни квалификации:
  • Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
  • Работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична работна позиција.
  • Познавање на финансиските регулативи, финансиска анализа и финансиско известување
  • Напредно познавање и работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint). Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon
  • Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
Работни должности:
  • Извршување и анализа на финансиски трансакции
  • Контирање и книжење за севкупните финансиски промени
  • Анализирање на податоци: составување и анализа на финансиски податоци
  • Идентификување области за подобрување на ефикасноста на работата и намалување на трошоци
  • Подготовка на налози и вирмани за исплата на придонеси и други законски давачки
  • Согласување на картици со комитенти
  • Деловна комуникација со клиенти во врска со финансиски прашања
  • Изготвување излезни фактури, анализирање, контрола и усогласување на фактури со главна книга
  • Водење евиденција и чување деловните книги и сметководствени документи

Способности и вештини:

  • Критичко размислување
  • Високо развиени организациски и аналитички способности
  • Способности за решавање проблеми, со остро око за детали и точност
  • Комуникативна и позитивна личност
  • Тимска работа
  • Желба за учење
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

 

Доколку сте заинтересирани да градите кариера во нашата компанија и да бидете дел од нашиот тим Ве охрабруваме да испратите кратка биографија на е-маил: employment@megaauto.com.mk со назнака за позицијата за кој аплицирате но не подоцна од  22.10.2024 година.

*Напомена: Контактирани ќе бидат само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде