ФМС дооел - Скопје, вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги и официјален преставник за LG комерцијална климатизација, има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација и вентилација:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА
Одговорности и задачи:
- Самостојно раководење со тим за изведба на системи за греење, ладење и вентилација на објекти
- Планирање и координација на работни активности, нормирање на секој тим и следење на ефикасноста на секој работен тим согласно однапред зададена динамика
- Изготвување на извештаи од областа во зададени рокови
- Способност за самостојно организирање и планирање на материјал
- Обезбедување на непречено функционирање на објекти
- Проектен Менаџер на објекти во изградба и објекти за техничко одржување и водење на градежни книги
- Комуникација со инвеститорот, изработка на основни и дополнителни понуди и друг вид на извештаи
Потребни квалификации:
- Образование-Машински факултет,насока термичко инженерство
- Работно искуство-Минимум 5 години работно искуство на иста или сличнапозиција
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Работа на компјутер( MS Office,CAD CAM, AutoCad)
- Искуство со работа на проекти/проектен менаџер
- Пожелно да има лиценца А или Б за изведба
Личен профил:
- Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
- Високо развиени комуникациски и организациони вештини
- Одлични аналитички способности
- Професионален и позитивен однос
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!