Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕОЅ Матрих
Офицер за корпоративна усогласеност
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
Подготовка на интерни акти со кои се уредува работењето на ниво на Компанијата
Одржување на усогласеност на работењето на Компанијата согласно интерните акти, законската регулатива и групациските политики (EOS и OTTO Group)
Спроведување на контроли согласно политиките на Компанијата и известување
Одржување на усогласеност со регулативата која се однесува на Закон за заштита на лични податоци (GDPR)
Одржување на усогласеност со регулативата која се однесува на Закон за здравје и безбедност при работа
Подготовка и организирање на обуки за вработените • Спроведување на контроли заради следење на мерки за третман на ризиците на Компанијата
Одржување на усогласеност со стандардите ISO 20000/27001/27701 и спроведување на контроли по истите
Подготовка пред ревизии
Одржување на усогласеност со регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Кореспонденција, соработка и известување со Corporate Compliance тимот од матичната компанија
Работно искуство во област на усогласеност и корпоративно право најмалку 2 години
Искуство во проектен менаџмент
Познавања од апликативната легислатива, стандарди, политики и процедури за релевантните области;
Познавање на регулатива за заштита на лични податоци / GDPR регулатива,
Познавање на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Познавање на стандарди ISO 20000 /27001/27701
Познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација
Познавање на MS Office 365,
Поседува силни меѓучовечки и комуникациски способности и вештини;
Самоиницијативност, проактивност и креативност;
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 05.11.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
Компетитивна плата и бенефиции
Работа во интернационална компанија
Можности за хоризонтален и вертикален развој
IT опрема
Тим билдинг активности
Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!