Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Синцеритас АД Скопје
Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.
сИНЦЕРИТАСад ИМА ПОТРЕБА ОД
Практикант во лабораторија
ОДГОВОРНОСТИ:
Имплеметирање, контрола и техничко надгледување на микробиолошките методи во Одделот за Контрола на квалитет (ОКК);
Изведба на различни микробиолошки тестирања и анализи;
Воспоставување кориснички барања за купување и квалификација на опремата во ОКК, и работа со внатрешни и надворешни ресурси за нејзино одржување во оптимална состојба;
Развивање, ревидирање и прегледување на процедурите за стандардизација на процесите, квалификација/валидација на протоколи и извештаи;
Спроведување истражувања во однос на резултатите од спецификациите, адресирање и менаџирање на девијациите поврзани со микро-процедурите;
Надгледување на моментално воспоставените GMP-системи со цел осигурување на нивната усогласеност со политиките за документирање;
Прегледување и предлагање промени во системите, процедурите, методите и поднесоците во однос на микробиолошките процеси, како што би било соодветно;
Прибирање мерни податоци за употреба при постојано подобрување на одговорностите;
Обучување на персоналот за технички концепти и методи;
Прегледување на лабораториски податоци;
Изведување други одговорности по нивно поставување, а во согласност со квалификациите на вработеното лице.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:
Образование: во 4-та година на студии на Природно математички факултет – смер биологија или смер биохемија и физиологија;
Способност за комуникација и независно работење со научниот/техничкиот персонал;
Удобност при работење во динамична средина со минимално насочување, и способност за прилагодување на работните задачи врз основа на променливи приоритети;
Само-мотивирана личност, ориентирана кон детали и со желба за прифаќање одговорности надвор од првичниот опис на работната позиција;
Способност за критичко размислување, и демонстрирање вештини за решавање проблеми;
Одлични меѓучовечки, вербални и пишани комуникациски вештини;
Добро познавање на пишан и зборуван англиски јазик;
Познавање на Microsoft Office пакетот;
Возачка дозвола Б - категорија.
Работно време и место каде се извршува работата: Фабрика за производство Росоман
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!