Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - ФИТОФАРМ ПЛУС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФИТОФАРМ ПЛУС ДОО

ФИТОФАРМ ПЛУС  е реномирана фармацевтска компанија, која во рамките на својата деловна определба како клучен столб го има поставено индустриското производство и продажба на козметички производи, додатоци во исхраната, хербални  производи и медицински помагала.

ФИТОФАРМ ПЛУС - фармацевтско – козметичка индустрија,  го проширува својот тим  на следната работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

за работа во производство

 

Потребни квалификации:

  • Средно или Високо образование
  • Поседување на комуникациски и преговарачки вештини
  • Познавање на комерцијално работење со купувачи. Претходно искуство во комерција или директна продажба
  • Возачка дозвола Б катергорија;
  • Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во областа

Главни одговорности:

  • Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети;
  • Соработка, воспоставување и развивање на комуникација со фармацевти во аптеките;
  • Следење и анализа на дистрибуираните производи во аптеките (видливост на производите, излез);
  • Презентација на производите на промотивни настани
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите

Потребни вештини и способности:

  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа;
  • Комуникациски и презентациски вештини;
  • Иницијативност и насоченост кон резултати;
  • Исполнување на поставени цели, посветеност;
  • Флексибилност во прифаќање и извршување на работните задачи;
  • Желба за учење и напредок во областа на работење.

Што нудиме:

  • Работно време: понеделник – петок 8-16h
  • Државните и верските празници се неработни
  • Редовен годишен одмор – 22 дена
  • Редовна исплата на К-15
  • Мотивирачка и позитивна работна средина

 

Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Со доставата на мојата биографија се согласувам компанијата да ги обработува моите лични податоци за цели на пополнување на отворената работна позиција за која конкурирам.

Аплицирајте преку Брзата Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде