Vrabotuvanje.com - Машински инженер – Проектен менаџер - Скопје - ФИТЕЦХ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински инженер – Проектен менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФИТЕЦХ ДОО

ФИТЕЦХ ДОО специјализирана фирма во областа на греење, климатизација и вентилација има потреба од

Имаме потреба од
машински инженер - проектен менаџер

Локација:
СКОПЈЕ

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо техничко образование – Машински факултет, термичко инженерство
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Работа на компјутер (MS Office, AutoCad)
  • Искуство со работа на проекти/проектен менаџер
  • Лиценца Б за изведба
  • Возачка дозвола Б – категорија, (активен возач)
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

Работни задачи:
                                                                                                                                                          

  • Проектирање на термотехнички инсталации и опрема за греење, ладење, вентилација и климатизација
  • Планирање и координација на работни активности, нормирање на секој тим и следење на ефикасноста на секој работен тим согласно однапред зададена динамика
  • Изготвување на извештаи, водење на комплетна документација (градежни книги, градежни дневници...)

Очекувани способности:

  • Високо развиени комуникациски и организациски способности.
  • Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација.
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки.
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

 

Што нудиме:

  • Почетна плата: од 60.000,00 денари (зависи од искуство);
  • Работно време: од 08:00 до 16:00.
  • Бонуси и награди според учинок
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
 

Како да аплицирате:

Доколку сакате да работите во професионална околина, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.
Ве очекуваме!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде