Vrabotuvanje.com - Асистент на продажба на производите во делот на козметика и додатоци во исхрана - Скопје - Пзу Виола Аптеки
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент на продажба на производите во делот на козметика и додатоци во исхрана

Скопје

Рок за пријавување:

  • Пзу Виола Аптеки
Miniso

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 година, компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со функционирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Ние никогаш не отстапуваме од нашите принципи на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до нашите потрошувачи, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа, секогаш отворени за нови идеи и знаења.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!

Аптека Виола има потреба од проширување на својот тим со позиција:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИТЕ ВО ДЕЛОТ НА КОЗМЕТИКА И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА
Локација: Аптека Виола Тобако 2 - Аеродром


Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование (ССС/ВСС)
  • Познавање на англиски јазик
  • Комуникативност и трудољубивост
  • Искусство во продажба или работа во слична област ќе се смета за предност

Што нудиме:

  • Солидни месечни примања + бонуси според остварените резултати
  • Можност за професионален развој и надградба: обуки, предавања и саеми
  • Динамична и пријатна работна средина
  • Тимска поддршка и можност за напредување

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја преку полето Брза Апликација

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде