Vrabotuvanje.com - Техничари за греење, вентилација и климатизација – техничка контрола - Скопје - ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничари за греење, вентилација и климатизација – техничка контрола

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет ВДЛ Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отворени се нови работни места за следниве позиции:

ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Комплетна проверка на инсталацијата за греење, вентилација и климатизација
  • Познавање на работа со машина за вакумирање и полнење фреон
  • Познавање на компресори за клима и нивна функционалност
  • Познавање на системот за подгревање и негова можна поправка при дефект
  • Солидно познавање на работа со мерни инструменти 
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Минимум средно образование од техничките струки 
  • Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Течно зборување и пишување на Англиски јазик
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
  • Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода; 
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности; 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на  www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”. 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде