Медицински претставник (м/ж)
Скопје
Рок за пријавување:
- СОЛВИС ДОО
- Адреса: ул.Маршал тито бр.77, 1480 Гевгелија
Солвис ДОО Гевгелија е Фармацевтска компанија која се занимава со продажба на Дермокозметика и Медицински помагала. Присутна на пазарот од 2012 година и воедно застапник на Istituto Ganassini Милано Италија и на Epsilon Health Грција.
Компанијата Солвис ДОО Гевгелија е ексклузивен увозник на програмата на реномираниот производител на Дермокозметика Istituto Ganassini S.p.A Di Richerche Biochimiche Милано Италија и ексклузивен увозник на портфолиото на компанијата Epsilon Health од Грција.
СОЛВИС ДОО ГЕВГЕЛИЈА има потреба од кандидати за следната работна позиција:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК (М/Ж) (2 ИЗВРШИТЕЛИ)
Кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци, застапувајќи ги портфoлијата на реномирани производители
Потребни квалификации:
- Диплома за завршен факултет за фармација, медицина, стоматологија
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office
- Способност за работа во динамична средина
- Одлични презентациски и организациски вештини
- Искуство како медицински преставник за продажба
- Искуство во развивање Стратегии на маркетинг
- Искуство во позиционирање на производи
- Познавање на фармацевтската регулатива
- Спроведување дневни посети и обуки на доктори, фармацевти за употреба и продажба на производите од палетата на Солвис;
- Присуство на настани и конференции;
- Градење на односи со фармацевти, доктори и клучни клиенти;
- Создавање нови продажни потенцијали и нови клиенти;
- Едуцирање на фармацевти и доктори за придобивките од производите од палетата на Солвис;
- Работа на терен на територија на цела држава
- Пријатна работна атмосфера, учество на конгреси, програми за обуки дообразување и можност за стекнување на нови знаења.
- Покрај основната плата, нудиме и атрактивна бонус програма, службено возило и други можности за развој и напредок во кариерата.
КАНДИДАТИТЕ ДА БИДАТ СО ПОСТОЈАНО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!