Vrabotuvanje.com - Координатор на логистика - Скопје - ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор на логистика

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје

Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент, компанија од Скопје која се занимава соХР Солутионс за потребите на свој клиент, успешна компанија лоцирана во Скопје, објавува оглас за позиција

Координатор на логистика

Опис на работни задачи:

 

 

 

 

  • Организирање и обезбедување на непречен тек на логистичките активности, испораката, приемот и набавката на материјали во согласност со производниот план, компаниските политики и законските прописи.
  • Координирање на задачите поврзани со синџирот на снабдување, со цел да се обезбеди ефикасно опслужување на потребите на компанијата.
  • Обезбедување и организирање на навремена дистрибуција на производите на меѓународните пазари.
  • Изработка на пресметки за трошоците на планираните набавки, нарачување на материјали и проверка на финансиската документација за извршените набавки.
  • Учество во изготвување на договори и протоколи со добавувачите, како и следење на нивната реализација.
  • Комуникација и координација со централниот тим задолжен за пакувачки материјали преку употреба на софтверски систем.
  • Спроведување на анализи, планирање и изготвување на месечни извештаи со цел да се овозможи непречено управување со логистиката.
  • Извршување на други работни задачи согласно потребите на деловните процеси.

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование.
  • Претходно искуство во логистика или набавка.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.
  • Познавање на законските регулативи поврзани со логистиката и увоз/извоз.
  • Способност за работа со тим и соработка со различни страни (царина, шпедитери, државни институции).
  • Познавање на работа со софтвер за управување со логистички процеси.
  • Способност за анализа, планирање и изготвување на финансиски документи.

Што нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Можности за професионален развој и напредување.
  • Динамична работна средина.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја вашата биографија (CV) преку полето Брза Апликација

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде