Vrabotuvanje.com - Aдминистратор на складиште - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Aдминистратор на складиште

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Aдминистратор на складиште

Што добивате:

  • Конкурентна плата
  • Работни денови од понеделник до петок
  • Компаниско колективно осигурување од повреда на работа во и вон работно време
  • Исплата на годишен регрес
  • Приватно здравствено осигурување
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата

Работни задачи:

  • Оперативно спроведување на процесите во информацискиот систем за управување со магацинскиот бизнис;
  • Административни активности за усогласување на документацијата во согласност со процесите дефинирани во информацискиот систем;
  • Учествување во парцијални и комплетни пописи на стоката;
  • Водење евиденција при прием робе
  • Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин
  • Координација помеѓу сервисот и логистиката околу оштетената стока и обработка на документацијата
  • Средување, контрола и разнесување на документацијата (фактури, меѓумагацини, товарни листови…)
  • Други работи по налог на раководителот

Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ССС 
  • Претходно искуство во логистика и администрација ќе се смета за предност
  • Познавање и работа на компјутер
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето
  • Високо ниво на одговорност и концентрација
  • Адаптибилност и можност за работа во тим

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде