Vrabotuvanje.com - Дистрибутер/Комерцијалист - Скопје - ИНТЕР-КАСТО ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дистрибутер/Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИНТЕР-КАСТО ДООЕЛ Скопје

 

 

ИНТЕР-КАСТО ДООЕЛ од Скопје во своето 30-ет годишно постоење е есклузивен застапни на шведскиот бренд Duni. Освен што е присутен на македонскиот пазар, одржувајќи ја децениската специјализација во материјалите и дизајнот застапен е и во Р.Косово. Компанијата се издвојува по врвниот kвалитет и лидерството во иновативните концепти за поставување на маса, take-away  амбалажата подеднаво наменет за професионалците и корисниците во малопродажниот сетор.

 

Компанијата има потреба од:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ/ДИСТРИБУТЕР

Потребни Квалификации:

  • Образование: ССС/ВСС
  • Претходно работно искуство (се смета за предност)
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач минимум 2 години)
  • Познавање на рутите низ Скопје и РСМ

Личен профил:

  • Комуникациски вештини
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност​
  • Почитува утврдени процедури за работа и рокови 
  • Вештини за водење евиденција и пишување извештаи
  • Вештини за услужност и воспоставување добри односи со клиентите

Работни задачи и обврски:

  • Одговорен за утовар, транспорт, истовар и навремена достава на производите до крајната цел
  • Врши активна посета и продажба во објектите во делегираниот регион, со цел застапеност на производите од портфолиото на компанија
  • Подредување, следење и контролирање на производите во продажните објекти
  • Врши посета и продажба на производитe, според однапред дефиниран план и прави нарачки преку системски уред
  • Одговорен пристап и уредно водење на доверената документација (водење запис за рута, запис за полнето гориво, други службени документи)
  • Изготвување на извештаи на дневно ниво и нивно навремено доставување
  • Се грижи за наплата кај сите коминтенти во својот реон
  • Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење
  • Грижа за  возилото

​Ние нудиме:

  • Бонусен систем 
  • Редовни месечни примања и исплата на регрес
  • Тимска работа и пријатна работна атмосфера
  • Кариерно напредување​​
  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување
  • Работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.

 

 

Доколку имате интерес за позицијата, пратете Ваша апликација со професионална биографија, електронски преку полето Брза Апликација.
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни! 
​Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повиkани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде