Поради зголемување на капацитетот на работа, компанијата ИННАЦО МАК ДОО, Прилеп има потреба од вработување на:
АДМИНИСТРАТОР НА НАБАВКИ – 1 извршител
КВАЛИФИКАЦИИ
- ССС / ВСС (Економски факултет)
- Со / Без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во сектор набавки)
- Возачка довола Б категорија
- Одлично познавање на англиски јазик (пишана и говорна форма)
- Одлично познавање на MS Office
ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:
- Врши навремено снабдување на калитетни репроматеријали, материјали и резервни делови и останати добра по конкурентни цени за непречено одвивање на процес на пр-во.
- Врши евиденција на барањата за набавки од одговрните лица по погони и сектори
- Пред отпочнување на процес на прибирање на понуди, задолжително ја проверува лагер листата на материјали во магацин.
- По констатирана потреба за набавка на материјали, резервни делови, суровини и останати добра прибира понуди од најмалку двајца добавувчи.
- Понудите кои се одобрени се реализираат согласно договорена динамика.
- Изготвува барања за понуди, порачки, изјави за потребите на транспортните, шпедитерските и царинските служби
- Изготвува или учествува во изготвување на царинска документација;
- Води листа на добавувачи
- Преговара со добавувачите за условите на испорака
- Врши набавка на потребните суровини и материјали врз основа на работна кореспонденција и непосредни контакти.
- Редовно ја следи потврдената понуда контактирајќи со добавувачот, а по пристигнувањето на набавената количина врши целосна инспекција согласно понуда, нарачка и пропратна документација.
- По утврдување на фактичка состојба стоката ја пушта на прием во магацин.
- Води евиденција на извршените набавки и предадените фактури до сметководство за книжење и исплата на истите.
- Врши рекламација за несоодветна и неусогласена роба во однос на барањата за набавка од поединечни погони и сектори.
- Води евиденција на влезни фактури и и ажурирање на секоја уплата / исплата.
ИННАЦО МАК ДОО нуди:
- Почетна нето плата во износ од 25.000,00 денари
- Можност за обука и напредок во зависност од квалификациите, амбициите и ангажираноста на работникот
- Превоз од / до работно место
- Исплата на К-15, минат труд, 13- та плата
Личен профил на кандидатот:
- Одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа
- Добри организациски, аналитички и комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок
- Високо развиено чувство за комуникација со различен тип на луѓе
Пакетот за наградување и работа е одличен! Ве охрабруваме да се пријавите и да ни се приклучите кон нашето големо семејство на следниот телефонскиот број 070/207-515 секој работен ден од 08 – 16 часот и/или на е-маил hr@innaco.com.mk.