Vrabotuvanje.com - Водител на проект - Електротехника - Скопје - ЛСГ БИЛДИНГ СОЛУШНС д.о.о.Загреб Хрватска - Подружница Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Водител на проект - Електротехника

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛСГ БИЛДИНГ СОЛУШНС д.о.о.Загреб Хрватска - Подружница Скопје
  • Адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.1А/1-4, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.lsg-group.eu/

ЛСГ БИЛДИНГ СОЛУШНС д.о.о  Загреб - Подружница Скопје е компанија лоцирана во Македонија, дел од бизнис групацијата ЛСГ ГРУП  која  потекнува од Австрија која испорачува комплетни решенија од областа на :  електротехника, јака и слаба струја,греење, вентилација, климатизација,противпожарни системи,водовод и канализација,безбедносни системи,мерна, управувачка и регулациска техника,технички системи на згради според системот “клуч на рака” ,обновливи извори на енергија,дизајн и планирање,управување со работата и одржување,водење и развој на проекти.

Поради зголемен обем на работа ЛСГ БИЛДИНГ СОЛУШНС д. о. о  Загреб - Подружница Скопје има потреба од вработување на:

Водител на проект - Електротехника 


Потребни услови:

  • работно искуство од најмалку 3 години во проектирање или проектен менаџмент на електротехнички инсталации (креирање проектна документација, давање понуди, следење на извршувањето, координација со инвеститори, надзорни инженери и оперативци и финализирање на проектот),
  • задолжително познавање на работа во AutoCAD апликација и MS Office пакет (Word, Excel),
  • пожелно е да имате Овластување Б за изведба ,добри организациски вештини, независност при извршување на задачите, тимска работа,подготвеност за повремени кратки патувања во странство

Други вештини:

  • по можност познавање на работа во EPLAN или слично,возачка дозвола Б категорија ,познавање на еден странски јазик (англиски или германски)

Професионално образование: високо професионално образование ( дипломоран електро инжењер)  со овластување за изведба ќе се смета за предност

Вид на вработување: постојан работен однос

Почетна плата: 50.000,00 дeнари


Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
•    Преку полето Брза Апликација најдоцна до  20.11.2024

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде