Хаус мајстор
Скопје
Рок за пријавување:
- Mozzart
Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.
За потребите на нашата компанија потребен ни е
ХАУС МАЈСТОР
Основни должности:
- Тековно одржување на сите подружници во Македонија
- Отклонување на ситни дефекти на електро и машинските инсталации, како отклонување на ситни дефекти и на водоводните инсталации и браварски работи
- Пријавување на дефекти, следење на работата на надворешни сервисери и изведувачи на објектите, водење евиденција за одржувањето
- Контрола на работењето и одржување на системите за вентилација, климатизација и греење
- Чистење на воздушните филтери на системите за климатизација и вентилација
- Одржување на мрежата на ТВ уреди
- Одржување на светлечките реклами
- Одржување на останатиот инвентар во подружниците
- Уредно водење патни налози
- Следење на исправноста на возилото и пропратната опрема на возилото кое го користи
- Пополнување на електронски патен налог
- Водење сметка за потрошувачката на горивото
- Завршна монтажа на инвентар и опрема во нови и постоечки локали во делот на просторно уредување и реновирање
- Подредување и преместување на апарати во автомат клубови и уплатни места
- Демонтажа на инвентар и опрема при затварање и реновирање на локал
- Помали доправки и преправки на електрична инсталација при поставување на дополнителна опрема
Услови:
- Средна стручна спрема, машинска или електро насока
- Најмалку 2 години работно искуство на исти или слични работни позиции
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Дополнителни знаења: работа со компјутер
- Одговорна и вредна особа, со претприемачки дух и отворена за соработка
- Исклучителна брзина и прецизност во работата, сигурност и организираност
Компанијата нуди:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Работна недела од 38 часа
- Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма
- Награди за најдобрите вработени
- Дополнителни денови од годишен одмор
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да гo испратите преку полето Брза Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 27.10.2024 година.
Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!