Поради постојаното ширење и зголемување на обемот на работа, компанијата ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје трага за нови и амбициозни кандидати на позиција:
МЕДИА КООРДИНАТОР
Опис на работни задачи:
- Контактирање и соработка со маркетинг агенции
- Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн медиумски кампањи
- Контрола и распределба на буџетите за медиумските кампањи
- Организација на различни видови промотивни активности (лојална програма, наградни игри и сл.) и настани (базари, дегустации и други промотивни настани)
- Координација на медиумски активности за ВЕРО и ЏАМБО
- Комуникација со различни оддели во кругот на компанијата (набавка, увоз продажба) со цел на реализација на различни проектите
- Подготовка на неделни анимации, комуникација со сектори внатре во компанијата и комуникација со маркетинг агенција
- Управување со сите социјални мрежи за Веро, Џамбо, Гудис, Еверест и Веро Центар.
- Контрола на медиумскиот изглед, неделни, месечни и годишни медиумски трошоци
Потребни квалификации:
- ВСС – (Економски факултет ќе се смета за предност отсек маркетинг, e-business)
- Пожелно е најмалку 1 - 2 години работно искуство во маркетинг
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Excel, Word и Power point
- Искуство со анализа и обработка на податоци
Дополнителни квалификации:
- Комуникативност, креативност и подготвеност за активна и тимска работа
- Одлични организациски способности
- Аналитичен, проактивен, позитивен пристап кон работата.
- Искреност, отвореност, однесување со почит
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација
со назнака за позицијата “ Маркетинг и медиа координатор”