Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Друштво за увоз - извоз и трговија на големо СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје бул.3-та Македонска бригада бр.92 - Скопје го проширува својот тим и распишува оглас
Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени со својот личен став и знаење да дадат придонес во работењето на компанијата.
Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.
Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно место
КОМЕРЦИЈАЛЕН - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК за портфолиото на Есенса (повеќе извршители)
за територијата на Р.С. Македонија
Потребни квалификации:
- VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски , Медицински, Стоматолошки или Ветеринарен факултет
- Со или без работно искуство во промоција на фармацевтски производи
-
Опис на работата:
- Секојдневна посета на лекари и фармацевти
- Промоција, презентација и продажба на производите
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
- Редовни извештаи од теренската работа
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
- Учество и организирање на стручни и едукативни собири
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и продажни способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Флексибилност и способност за тимско работење
- Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
- Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Ние нудиме:
- Работа во амбициозен и професионален тим
- Континуирана едукација и стимулативна работа
Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.
Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 09.11.2024 год преку полето Брза Апликација
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор