ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:
Техничар во одржување
Техничарот во одржување ќe биде дел од тимот за одржување. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на машините и постројките со целосно разбирање на процесот на превентивно одржување. Способност за отстранување на механички, електрични, пневматски и хидраулични проблеми како и да превзема иницијатива за брзо отстранување на дефектите или веднаш да побара помош. Грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Основна нето плата изнесува од 40.000,00 МКД до 50.000,00 МКД + сите додатоци на плата согласно Закон за работни односи и месечен бонус за редовност во износ од 2.000,00 МКД.
Работата се извршува во три смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од Скопје, Куманово, Велес и Свети Николе до просториите на компанијата.
Квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), Работно искуство до 2 години во областа на одржување на машини, постројки и објекти.
- Способност да ги разбира, да ги следи и применува инструкциите за одржување на машините, вклучувајќи информации, дијаграми, шеми, планови, графикони и табели
- Електро-машински вештини и компјутерска контрола и способноста за поправка на електрични и механички дефекти на опремата и производствениот објект.
- Компјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office
- Познавање на пневматски и хидраулични системи / компоненти.
- Познавање на Англиски јазик
Конкурентски предности:
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;
- Биографија (CV);,
- Доказ за завршено образование;
- Дополнителни дипломи и сертификати.
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .
Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за Техничар во одржување до Сектор за управување со човечки ресурси e-mail: jobs@arcautomotive.com.mk најдоцна до 30.11.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база и истите можат да бидат обработувани во период од 12 месеци од денот на истекот на рокот за избор. Имате право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на вашите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обaќање на e-mail: jobs@arcautomoive.com.mk