Vrabotuvanje.com - Референт за комерција - Скопје - El Pharma
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за комерција

Скопје

Рок за пријавување:

  • El Pharma

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите. 
 
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.elpharma.com.mk
 
Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место
 
РЕФЕРЕНТ ЗА КОМЕРЦИЈА
 

 
Потребни квалификации:
  • ССС/ВСС: фармацевтски техничар/доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација;
  • Работно искуство во областа од најмалку една година
 
Опис на работата:
  • Реализација и следење на плановите и договорите за набавка и продажба
  • Редовна комуникација со домашни и странски добавувачи
  • Следење и стимулација на продажба по основ на договор со купувачи;
  • Следење и оптимизација на лагер;
 
 Потребни вештини и способности:
  • Познавање на MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлични комуникациски и преговарачки способности;
  • Проактивност, одлучност и упорност
  • Свесност за комерцијално и деловно работење
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
 Ние нудиме:
  • Интересна и одговорна позиција во успешна компанија
  • Позитивна корпорациска култура, високо компетентен тим и колегијалност
  • Континуирана обука и можност за напредување
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 07:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од Понеделник до Петок.
 
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава преку полето Брза Апликација.

Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
 
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@elpharma.com.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде