Vrabotuvanje.com - Раководител на сметководство - Скопје - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Раководител на сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

 

За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО





 

Основни одговорности:

  • Контрола на фактури за основни средства од сметководствен и даночен аспект
  • Познавање на модулот за Основни средства во Оракл во делот на евиденција и работа со основни средства
  • Подготовка и контрола на редовната амортизација на месечно ниво
  • Подготовка и внесување во Оракл на ексел за амортизација по сите основ на пресметка
  • Контрола на AP бруто биланс ( за влезни документи) и AR бруто биланс (за излезни документи) и нивна споредба со GL бруто биланс ( во главна книга)
  • Подготовка на месечните извештаи за потребите на финасиско затворање на месец согласно насоките од Холдинг
  • Контрола на салдата на готовина и на банкарските сметки на месечно ниво
  • Контрола на салдата на контата поврзани со дадени аванси
  • Контрола на сметководствената состојба на магацинот
  • Следење и евидентирање на сите трансакции поврзани со финансискиот резултат од работењето, побарувања и обврски поврзани со даноци и нивно соодветно евидентирање
  • Контрола на вонбилансна евиденција поврзана со банкарски гаранции и хеџинг трошоци
  • Следење и контрола на непризнаените трошоци од аспект на Данок на добивка
  • Подготовка на завршна сметка и годишен извештај од работењето
  • Активно учество во подготовка на Годишен Финансиски извештај по МСФИ
  • Активно учество во комуникација со даночни инспектори од УЈП, наши консултанти и ревизори
  • Подготовка и поднесување на Даночен биланс и сите активности во текот на годината поврзани со Даночен биланс
  • Контрола и поднесување на месечна ДДВ пријава и комплетно следење на состојбата
  • Следење на сите извештаи што се поднесуваат до Статистика и Народна Банка
  • Организација на одделот за сите процеси во тек на месечно затварање
  • Ad hoc извештаи по барање на менаџментот и/или релевантни институции 
  • Одговорен/на за подготовка и ракување со документацијата на надлежниот оддел/одделение во однос на имплементираниот стандард ISO 9001:2015 во ТАВ Македонија.
  • Одговорен/на за директна комуникација со Претставникот на менаџментот за управување со квалитет и управување со жалби, за потребите на двата стандарди имплементирани во ТАВ Македонија, стандардот ISO 9001:2015 (Систем за управување со квалитет – QMS) и ISO 1002:2018 (Систем за управување со жалби – CHS).
  • Одговорен/на за комуникација и обезбедување документи за време на внатрешни и надворешни ревизии за стандардот ISO 9001:2015.
  • Одговорен/на за извршување на работата во согласност со системите за управување со квалитет, задоволство на клиенти и животна средина.

Образование:

  • Високо образование (VII степен)

Задолжителни лиценца:

  • Лиценца за овластен сметководител

Вештини:

  • Комуникациски вештини
  • Тимска работа
  • Добри организациски вештини
  • Аналитичност
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Странски јазик – англиски​


Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

​Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

​Во очекување сме на Вашите апликации!







 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде