Vrabotuvanje.com - Проценител на штети - Скопје - Граве Осигурување Неживот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проценител на штети

Скопје

Рок за пријавување:

  • Граве Осигурување Неживот

ГРАВЕ Осигурување Неживот АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 195 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.

Искористи ја можноста да се приклучиш на Граве Тимот!

ГРАВЕ Осигурување Неживот АД Скопје објавува оглас за вработување на:

ПРОЦЕНИТЕЛ НА ШТЕТИ

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование (машински или сообраќаен инженер)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и професионално одлучување
  • Со или без работно искуство

Главни работни обврски:

  • Врши увид и процена на пријавени штети, составува комисиски записник за утврдените оштетувања и ги фотографира оштетените предмети;
  • Врши увид и процена на пријавени штети, составува комисиски записник за утврдените оштетувања и ги фотографира оштетените предмети;
  • Врши квалитетна и правилна проценка и пресметка на висината на штета врз основа на составен комисиски записник;
  • Остварува соработка со правниците во сектор штети  и дава стручно мислење за нематеријални  штети, судски предмети и евентуално учество во судски расправи како стручно лице;
  • Изготвува услужен комисиски записник на барање на осигуреници на Друштвото; 
  • Ја следи и проучува технологијата на  производство на осигурени објекти, предмети и друго;
  • Дава мислење за начинот на настанување на штетата, пропусти, мaани и недостатоци, утврдува факти како од сообраќаен, така и од машински аспект;
  • Ја утврдува причината за настанување на штетата;
  • Го утврдува степенот на штетата и висината на штетата (тотална или делумна);
  • Одговорен е за правилна  примена  на  нормативите за  процена на штети.

Што нудиме:

  • Конкурентна плата и бенефиции согласно политиката на ГРАВЕ
  • Moжност за личен и професионален развој, константна едукација и тренинг
  • Одлична работна атмосфера, тимска соработка и континуирани можности за напредок
  • Работно време од понеделник до четврток од 07:30ч до 16:00ч, петок од 07:30ч до 13:30ч.
 


Ве молиме испратете професионална биографија со назнака за работната позиција за која аплицирате преку полето Брза Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Граве Осигурување Неживот АД и истите да бидат зачувани во дата базата на друштвото.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде