Vrabotuvanje.com - Дистрибутер со Ц – категорија - Скопје - Скопје - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Дистрибутер со Ц – категорија - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

КОЛИД С Теам

Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, која во своето портфолио застапува над 42 реномирани брендови, меѓу кои SUNDAY, KRASH, BARILLA, MUTTI, WUDY, DUEL, PIVAC, POLIMARК, RICE UP, ABC, YUHOR, CALVO, COSTA D’ORO, RIBELLA, HELLENA, со три дистрибутивни складишта низ земјата, сопствено производство и над 350 вработени

 
Има потреба да вработи:
 
Дистрибутер со Ц – категорија

Работни задачи:

  • Врши визуелен преглед на доставното возило секое утро пред да се започне со утовар на стока и пријавува евентуални недостатоци или дефекти на истото;
  • Навремена секојдневна достава на роба до купувачи, согласно поставените рут планови.
  • Се грижи за робата што ја доставува, за нејзината исправност и точност
  • Одговорен е за навремена и точна достава на роба до продажните објекти,
  • Врши задолжување и раздолжување со документи ( товарни листови, фактури, испратници, патни налози, документација за стоката);
  • Одговорен е за задолженото возилото, односно се грижи за негово  одржување, сервисирање, регистрација и хигиена ;
  • Ги почитува позитивните законски прописи во сообраќајот;
  • Се придржува и ги почитува правилата и процедурите за утовар и достава на робата;
  • Составува записник за секој евентуален вишок / кусок на стока и истото го пријавува кај својот Претпоставен;
  • Ги чува и се грижи за доверените средства за работа
  • По налог го известува  координаторот на достава
  • Води уредна евиденција за патни налози, товарни листови и сл.
  • По налог на Претпоставен може да извршува и други работни задачи неопходни за непречен тек на работниот процес, согласно неговите квалификации.

Потребни квалификации и вештини:

  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
  • Професионално однесување
  • Организираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Возачка дозвола Ц – категорија
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност.​

Колид С тим ви нуди:

  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Основната почетна нето плата изнесува 35.000 со можност за напредување до 40.000 ден.
  • Можност за личен и професионален развој, согласно покажаните резултати
  • Пакет производи за празници
  • Исплата на регрес за годишен одмор
  • Обезбеден превоз

*Предвиденото работно време за оваа позиција е од понеделник до петок (во I смена)

 

Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Дистрибутер (со Ц категорија), најдоцна до 22.11.2024 год.
 

Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.

Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде