Хавеп Македонија како дел од Хавеп групацијата има потреба од Раководител на магацин
Хавеп групацијата повеќе од 150 години произведува професионална заштитна и работна облека изработена од високо квалитетни ткаенини а во Македонија повеќе од 50 години.
Опис на работната позиција:
Во потрага сме по динамичен и организиран раководител на магацин, кој ќе ја управува нашата логистичка операција и ќе осигура ефикасно работење на магацинските активности. Оваа позиција вклучува планирање, организација и управување со сите аспекти на магацинското работење.
Обврски:
- Управување со секојдневните операции на магацинот
- Планирање и организирање на прием, складирање и испорака на стока
- Вршење квартални (а по потреба и почесто) физички пописи и рутински проверки на самото мeсто и изготвување на извештаи
- Управување со виљушкар
- Обезбедување на сигурност и безбедност на магацинот
- Координација со други одделенија (производство и логистика)
- Проверка на сите примени материјали по количини и и ги внесување на потребните информации во системот
- Обучување и управување со тимот на вработени
- Анализа на перформансите и предложување на подобрувања
- Се грижи за чистотата и уредноста во магацинот
- Ги спроведува правилата и процедуритеза ракување со материјалите FIFO
Услови:
- Завршено средно или високо образование (предност за логистика, менаџмент или слично)
- Искуство во управување со магацин (минимум 3 години)
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Познавање на софтвер за управување со инвентар (предност)
- Способност за работа под притисок и управување со повеќе задачи
Нудиме:
- Конкурентна плата
- Пријатна и динамична работна средина
- Можности за професионален развој и напредување
Работно време од 07-15ч.
Заинтересираните кандидати треба да достават CV преку полето Брза Апликација.