Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба - Скопје - ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА
  • Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
  • Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
  • Неделно работно време: Понеделник – Петок

Работни задачи:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата на слабострујни и јакострујни системи,против пожарни системи,видео надзор,дизел генератори, уреди за непрекинато напојување (УПС), електро опрема, соларни системи, , батерии и друга опрема,
  • Комуникација со постоечки и потенцијални корисници со цел презентација, промоција и продажба на услугите на компанијата;
  • Реализација на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за корисниците, според нивните моментални потреби;
  • Воспоставување, градење и оддржување на силни врски со корисниците;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани, како и следење на нивното задоволство;

Потребни квалификации и способности:

  • Познавања од областа на технологија
  • Напредни продажни, преговарачки и комуникациски вештини;
  • Најмалку 3 години работно искуство во продажба во иста или слична индустрија;
  • Одлично познавање на сите апликации на Microsoft Office пакетот;
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Возачка дозвола Б категорија

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку Брзата Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде