Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Магационер (Реон Скопје)

ЗАДАЧИ:
  • Прием, издавање на материјали и водење евиденција за секоја трансакција во ERP систем (SAP);
  • Контрола на безбедноста на товарот;
  • Организирање внатрешен транспорт/ракување со материјалите до местото на складирање во магацинот;
  • Внимателно складирање или дистрибуција на примената стока, без можност истата да биде оштетена;
  • Изготвување на извештај за минималната и максималната количина на залихи на материјали и делови од опрема;
  • Обезбедување соодветна евиденција и управување со целата документација за да се потврди соодветното ниво на залиха и да се одржува контрола на залихите во согласност со процедурите на компанијата;
  • Комуникација со секторот за набавки и со назначените инженери на компанијата за квалитетен и квантитативен прием на стоки;
  • Учество во проверка на примената стока од аспект на оштетувања или несогласувања;
  • Одржување на чист и уреден магацин;
  • Следење и почитување на интерните процедури;
  • Водење соодветни документи за безбедно складирање и ракување со материјалите;
  • Врши и други работи од областа на стручната квалификација

БАРАМЕ:
  • Минимум средна стручна спрема; пожелно Машинска или Електро насока 
  • Pелевантно работно искуство како Магационер или друга слична позиција која се занимава со асортиман на технички материјали 
  • Претходно работно искуство со САП или друго соодветно ERP решение ќе се смета за предност.
  • Средно ниво на познавање на англискиот јазик
  • Добро познавање на MS Office пакетот 
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Поседување на Дозвола за работа со виљушкар и дигалка се смета за предност

Барани лични особини и вештини:
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Доверливост и лојалност;
  • Одговорност;
  • Посветеност и самоиницијативност;
  • Time management вештини;
  • Способност за работа на висина, кревање на тешки предмети

ПОНУДА:
  • Работа во интернационална компанија;
  • Позитивна работна средина;
  • Обезбедена интерна обука и ХТЗ опрема за работното место;
  • Работно време од 07:00-15:00 часот, понеделник – петок;
  • Конкурентна плата;
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
  • Организирана исхрана од компанијата;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода;
  • Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот;
  • Новогодишен надоместок;
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата
     
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата „МАГАЦИОНЕР“ за која аплицирате.
 
ЕСИ (Employment Services International)
Ул.Ристо Равановски Бр.2- 1/3
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде