Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЗЕГИН ДОО
ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
ЛЕПАЧ НА ДЕКЛАРАЦИИ
Одговорности:
Лепење на декларации и упатства
Пакување на кутии
Посакувани карактеристики:
Прецизност
фокус на детали
Брза реакција на промени во работењето
Физичка спремност
Високо ниво на точност и доверливост
Што нудиме:
Плата 25.000 + месечен бонус од реализација
Исплата на сите додатоци на плата
За најдобрите вработени – наградно патување
Ментор за обука
Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Лепач на декларации или јавете се за повеќе информации на 078 260 835.