Месер Вардар Техногас ДООЕЛ – Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на технички, медицински, специјални гасови и опрема за користење на истите. Имаме потреба од:
ФАРМАЦЕВТ
Специјалист за испитување и контрола на лекови
Дипломиран фармацевт со специјализација од областа на контрола на лекови
Основни одговорности и задачи:
- Испитување и контрола на произведени медицински гасови, согласно Добра производна пракса (GMP);
- Следење на законските барања и прописи согласно GMP и европска фармакопеа;
- Други задачи -согласно квалификацијата.
Други барања за работното место:
- задолжително познавањена англиски јазик,
- одлично познавање на работа со компјутер,
- желба за учење на нови технички решенија и новини од областа на гасарството,
- амбициозна, исполнителна и педантна личност, со способност да работи во динамична работна средина
Што нудиме:
- Вработување на неопределено време
- Работно време - претпладне (7.30 – 15.30 ч)
- Редовна плата и други бенефиции
- Одлични услови за работа во пријатна работна атмосфера
- Можност за напредување во кариерата
Кандидатите кои ги исполнуваат квалификациите и кои се заинтересирани за работното место треба да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација.
Огласот е отворен до 11.11.2024
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани. По завршување на процесот, истите ќе бидат уништени или на барање на кандидатите вратени, во форма во која се примени.