Vrabotuvanje.com - Раководител на површински коп и постројка за сепарација - Скопје - ГАМА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на површински коп и постројка за сепарација

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГАМА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје

Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год.

ДГТУ Гама Грдаба е компанија која постои на пазар 15 години и се специјализира во ниска градба има потреба:

РАКОВОДИТЕЛ НА ПОВРШИНСКИ КОП И ПОСТРОЈКА ЗА СЕПАРАЦИЈА

 

Потребни квалификации и карактеристики:
  • Степен на образование -  ВСС
  • Стручна подготовка -  Факултет за рударство, геологија и политехника, градежен/архитектонски
  • Вкупно работно искуство - 3 години
  • Познавање на странски јазик  - Англиски јазик
  • Дополнителни критериуми, обуки -  Познавање на законските прописи од областа на ридарство и градежништво

Работни обврски:
  • Се грижи за правилно спроведување на откопната метода предвидена со главниот рударски проект
  • Ги спроведува работните задачи издадени од Управителот
  • Изготвува месечен распоред на експлоатација и производство
  • Врши контрола на правилно и навремено извршување на работните задачи
  • Се грижи за квалитативно и квантитативно извршување на поставените работни задачи и за истите доставува усмен или писмен извештај до Управителот
  • Врши контрола на месечните и дневните извештаи и месечното остварување на планските количини.
  • Ги спроведува одлуките на работоводниот орган и се грижи и одговара за спроведување на мерките за БЗР и важечките акти во Друштвото.
  • Активно учествува во изготвувањето на годишните и месечните планови за производство и дава свои согледувања за подобрување на технолошкиот процес за остварување на истите
  • Ја организира работата на дробиличното построение: врши распоред на работници, води работни налози, издава требовања, води евиденција за готови производи, за нивна испорака и воопшто целата евиденција за работа на дробиличното построение
  • Пред да се пушти во работа дробиличното построение должен е да ја провери исправноста на траките, ситата, исправноста на заштитните средства и др. и доколку примети некои недостатоци дава налог на одржувачот на дробиличното построение да ги отстрани
  • Одговорни се за квалитетот и квантитетот на производството, за навремена испорака и навремено извршување на сите работни задачи
  • За својата работа одговара пред Управителот
 
 

Ваше CV, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате пратете го преку полето Брза Апликација.

Контакт телефон: 075495211

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде