Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување на договорот, во Лабораторија за готови производи која е дел од Лабораторија за анализа на нафтени деривати и биодизел во Дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено високо образование – дипломиран хемиски инженер или дипломиран инженер технолог;
  • Напредно ниво на англиски јазик (писмено и усно);
  • Напредно користење на компјутери ;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година.
 
Работни задачи и основни одговорности:
  • Спроведување на лабораториски анализи и тестирања на готови производи со цел обезбедување на усогласеност со стандардите за квалитет и безбедност.
  • Координација и комуникација со тимот во Лабораторија за нафтени деривати и биодизел, со цел подобрување на интегритетот и прецизноста на процесите за контрола на квалитет.
  • Подготовка на извештаи и документација за извршените анализи на готовите производи.
  • Следење и примена на нови лабораториски техники и стандарди, особено во контекст на производи од нафтени деривати и биодизел.
  • Придржување кон сите процедури и протоколи за обезбедување на квалитет во рамки на лабораториските испитувања и аналитички процеси.
 
Работното време за горенаведените работни места, е од 07:00 до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Работните задачи се извршуваат во Лабораторија за анализа на нафтени деривати и биодизел во населба Илиден
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 33.500 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.


Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. - Скопје

Сектор за човечки ресурси
 ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лица за контакт:
Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде