Vrabotuvanje.com - Инспектори за испитување без разорување - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инспектори за испитување без разорување

Скопје

Рок за пријавување:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
  • Адреса: Фјодор Достоевски 72, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.apave.com

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ИНСПЕКТОРИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ БЕЗ РАЗОРУВАЊЕ (NDT INSPECTORS)

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АПАВЕ има потреба од Инспектори за проекти во Западна Африка, Југоисточна Азија и Европа со следните квалификации:
  • Завршено високо техничко образование или во фаза на завршување на студиите– Машински Факултет, Технолошко-металуршки факултет или други технички факултети (предност)
  • Со или без работно искуство
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период во Западна Африка, Југоисточна Азија и Европа
  • Физичка и психичка подготвеност за работа на висина (опционално)
  • Познавање на алатките на Microsoft Office
  • Способност за читање на техничка документација и стандарди
  • Способност за самостојна работа и работа во тим
  • Одговорност и посветеност на работата
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
Одговорности на работната позиција:
  • Извршување на инспекции, калибрирање на инспекциска опрема, оценување и подготовка на извештаи користејќи ги конвенционалните и напредните ИБР (NDT) методи за испитување без разорување на материјали, заварени споеви, фабрикувани делови и компоненти со цел пронаоѓање на површински и внатрешни недостатоци (дефекти) на различни локации како офшор платформи, FPSO-а, рафинерии за нафта и гас, цевководи, електрични централи, фабрики, и други индустриски постројки.
  • Извршување на инспекциски активности во доменот на опрема под притисок и челични конструкции преку методи за испитување без разорување ИБР (НДТ) методи, како PT, VT, RT, UT, MT, ET и напредни техники како TOFD, Phased array, LRUT итн.
  • Инспекција на опрема за подигнување на товар како и нејзина сертификација
  • Вршење на инспекции со метод на работа на висина (Rope Access)
  • Различни инспекции од областа на методи за испитување без разорување ИБР

Што нудиме:
  • Работа во голема интернационална компанија
  • Можност за развој и градење на персонална и професионална кариера
  • Конкурентна плата
  • Приватно здраствено осигурување
  • Одлични услови и атмосфера за работа
  • Работа во динамична атмосфера
  • Професионални обуки со интернационално признаени сертификати: можност за PCN сертификација, IRATA, ISO 9712
  • Дополнителни надоместоци при работа во странство

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде