Vrabotuvanje.com - Администратор во оддел финансии и сметководство - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор во оддел финансии и сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
  • Адреса: Фјодор Достоевски 72, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.apave.com

АПАВЕ СЕЕ е дел од меѓународна групација (APAVE Group) специјализирана за управување со ризици со повеќе од 150 години искуство. 

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АПАВЕ СЕЕ има потреба од Администратор во финансии и сметководство  коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:


Администратор во оддел финансии и сметководство (1)

Краток опис на работната позиција:

Администраторот ќе работи по принцип на ротации во канцеларијата на АПАВЕ СЕЕ во Скопје како и во една од работните канцеларии на земјите интернационално за кои директно ќе работи.

Тој/таа ќе биде финансиско административна поддршка на канцеларијата во која ќе работи во директна комуникација со менаџерот како и останатите засегнати страни (клиенти, банки, добавувачи). 

Работни обврски:
  • Администраторот е одговорен за месечно фактурирање и издавање на излезни фактури, комуникација со клиенти за фактурирање; 
  • Одговорен е за процесот за барање наплата од клиентот и грижа за застареност на побарувањата;
  • Одговорен е за навремено регулирање на барањата од добавувачи и внатрешните обврски;
  • Одговорен е за плаќање на влезни интернационални фактури; 
  • Одговорен е водење на дневни операции на благајната; 
  • Одговорен е за водење евиденција за дневни изводи и придружни документи за секоја трансакција за сметките на канцеларијата;
  • Одговорен е за водење на евиденција за фактурите и документација на добавувачите;
  • Одговорен е за подготовка на документи за сметководство и ажурно средување на истите документи;
  • Дава поддршка во активностите за процесот на сметководствено затворање на месецот;
  • Одговорен е за поддршка и учество во процесот на надворешна и внатрешна ревизија;
  • Одговорен е за административни активности за поддршка на канцеларијата;
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Високо образование, предност Економски факултет
  • Претходно работно искуство во сметководство и финансии најмалку 2 години
  • Претходно искуство со работа во софтвер;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
  • Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
  • Ориентираност кон детали и точност и прецизност во внесување на податоците;
  • Клучни компетенции: комуникација, планирање и организирање, управување со времето и рокови;

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде