Vrabotuvanje.com - Постар адвокат / Адвокат / Адвокатски приправници - Скопје - ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Постар адвокат / Адвокат / Адвокатски приправници

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА

Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА е во потрага на колеги кои имаат амбиција професионало да се занимаваат со адвокатура. Како прво адвокатско друштво во Македонија имаме долга историја и широка пракса во сите области на модерната адвокатура и нудиме можност за практично усовршување и развој под менторство на нашите адвокати кои имаат повеќе од 20 години искуство. 

За сите оние кои се пронаоѓаат во горенаведеното Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на следниве позиции:

ПОСТАР АДВОКАТ 

Потребни квалификации:​

  • Завршен Правен факултет; 
  • Положен правосуден испит; 
  • Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија; 
  • Активно познавање на Англискиот јазик;
  • Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office; 

Потребно работно искуство во следниве области​:​

  • изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
  • водење или координирање на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
  • длабинска анализа на компании (legal due diligence);
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
  • изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
  • самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.

Плата по договор (над 50.000 МКД).

АДВОКАТ

Потребни квалификации:​

  • Завршен Правен факултет; 
  • Положен правосуден испит; 
  • Работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија; 
  • Активно познавање на Англискиот јазик;
  • Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office; 

Потребно работно искуство во следниве области​:​

  • учество при изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
  • учество на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
  • учество при длабинска анализа на компании (legal due diligence);
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
  • изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
  • стручно и професионално постапување по горенаведените точки.

Плата по договор (до 50.000 МКД).

 

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

Потребни квалификации:​

  • Завршен Правен факултет; 
  • Активно познавање на Англискиот јазик; познавање на втор јазик се смета за предност; 
  • Напредна работа со компјутер и MS Office; 

Плата по договор.

Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски и Англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво ДДК преку Брзата Апликација.

Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.

Рок за пријавување е до 20.11.2024 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде