Vrabotuvanje.com - Менаџер за Е - продажба - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за Е - продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
МЕНАЏЕР ЗА Е - ПРОДАЖБА

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Потребни квалификации:

  • ВСС;
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Одличнo познавање во областа на дигиталниот маркетинг;
  • Активно познавање и користење на англиски јазик;
  • Одлични организациони, аналитички и комуникациски вештини;

Потребни вештини:

  • Одлично познавање на функционалностите на Shopify (организирање на интерфејс, внесување на артикли, менаџмент на залихи, ценовен менаџмент);
  • Комплетни менаџирање и водење на модна онлајн продавница;
  • Желба за пишување во областа на модата;
  • Креирање и инплементација на краткорочни и долгорочни маркетинг стратегии наменети за дигитални медиуми;
  • Предлагање и инплементација на методи на директен маркетинг за зголемување на профитабилноста;
  • Постојано следење на новитетите и трендовите на дигиталните платформи;
  • Високи естетски критериуми;
  • Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
  • Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
  • Подготвеност за работа во дадени рокови;
  • Професионален однос кон работата;
  • Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.

Компанијата нуди:

  • Работа во компанија со изграден имиџ;
  • Стабилност и можност за личен развој;
  • Градење успешна кариера;
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • Плата по договор.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде