Vrabotuvanje.com - Соработник во набавка на овошје и зеленчук - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник во набавка на овошје и зеленчук

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
 
Бараме амбициозни вработени и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на тимот во Сектор Набавка, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
 
 
СОРАБОТНИК ВО НАБАВКА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
 
 
Ваши задачи:
  • Секојдневна набавка на овошје и зеленчук за потребите на КАМ маркетите
  • Преговори со постоечки и обезбедување на нови добавувачи на овошје и зеленчук
  • Организирање на производство за потребите на КАМ со кооперанти, индивидуални земјоделци, задруги, земј.стопанства, фирми за земј.производство
  • Посета на добавувачите и посета на производни површини
  • Посета, совети и контрола на производство во Богданци
  • Посета на кванташки пазари и пазари на големо со овошје и зеленчук во регионот - Србија, Бугарија, Грција, Албанија
  • Предлози за проширување на асортиманот, подобрување на квалитетот, пакување на производите
 
Потребни квалификации:
  • Високо образование (Земјоделски факултет-технолог за храна, градинарска насока или општа насока)
  • Најмалку 3-5 год работно искуство во продажба, предност искуство во работа со овошје и зеленчук
  • Познавање прехрамбени производи и познавање на правилници од областа ќе се смета за предност
  • Доверливост, аналитичност, педантност и точност. Мотивирани, добро организирани со развиено чувство за координирање на трошоци и економичност,
  • Одлично познавање на англиски јазик, а за предност ке се смета познавање на германски јазик,
  • Познавање на МС Офис,
  • Возачка дозвола –Б категорија.
 
Ние Ви нудиме:
  • Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Регрес,речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Слободен ден за роденден
  • Платено колективно осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за спортска опрема
  • Картичка за спорт
  • Пакет за новороденче
  • Училишен пакет производи
  • Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
  • Попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид
  • Работа во интернационална компанија,.динамично работење исполнето со новипредизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде