Vrabotuvanje.com - Агент за теренска наплата на долгови - Скопје, Куманово и Тетово - ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за теренска наплата на долгови

Скопје, Куманово и Тетово

Рок за пријавување:

  • ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ


 

Credissimo е динамична високотехнолошка компанија основана во 2007 година и е една од компаниите со најбрзиот развој на FinTech/ФинТек/субјекти во небанкарскиот финансиски сектор во Европа. 

Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.

Ние во Credissimo, го продолжуваме нашиот брз развој и бараме Агент за теренска наплата на долгови да се приклучи на нашиот млад и талентиран тим. 

АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ  (СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ТЕТОВО)

Главните задачи и одговорности за оваа позиција се: 
  • Да се договара за плаќање на заостанати побарувања со должниците на нивна адреса или по телефон, согласно внатрешни политики, процедури и стратегија на Друштвото, со цел да се избегне постапка за присилна наплата на долгот;
  • Посетување и потврдување на валидност на адреси на должници, разговори со должниците, со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот, надвор од постапка за присилна наплата, овозможување за продолжување на рокот за враќање и реструктуирање на долгот  како и одредување на причините за задоцнета отплата на долгови со цел да дојдеме со решение за нивно намалување;
  • Да користи флексибилен и индивидуален пристап во комуникацијата; 
  • Да применува различни видови стратегии и методи за реализирање на целите со цел постигнување на повисоки резултати; 
  • Да ги ажурира добиените информации во специјализиран софтвер; 
  • Да подготвува извештаи и евиденција за преземените активности во врска со наплата на долгови; 
  • Да ги извршува своите должности во согласност со политиката на Друштвото и законските прописи; 
  • Да врши и други работни обврски по налог од работодавачот во согласност на работните обврски; 

Што ни е потребно за позицијата Агент за теренска наплата на долгови: 
  • Завршено средно образование; 
  • Познавање и работа со компјутери; 
  • Искуство со MS Office ќе се смета за предност; 
  • Претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција ќе се смета за предност;
  • Одлична ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси.
  • Возачка дозвола Б категорија со можност за користење на сопствен автомобил при вршење на работата ќе се смета во предност. 
 
Она што друго го бараме во идниот кандидат - организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност. 
 
Што нудиме: 
  • Активни работни часови по сопствен избор:
  • Атрактивен надомест за посочената позиција; 
  • Можност за дополнителни бонуси поврзани со реализираните цели; 
  • Проширување на тимот и можност за развој на кариерата; 
  • Можност да се биде дел од компанија која е објавена во Топ 10 на компаниите за алтернативно финансирање во Европа од European Fintech Awards. 
 
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате условите - испратете ни ја вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација
 
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Друштвото.
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје во рок од 6 месеца после завршување на процесот на регрутација. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
 
 
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје
ул. Максим Горки 11-1/4 
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде