Локација: Скопје, Свети Николе, Куманово и Велес
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за автокатализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Одделот за Производство има потреба од кандидат за позицијата Оператор за подготовка на линија во Одделот за производство, во фабриката за автокатализатори во Скопје.
Главни одговорности :
- Подготвување на линијата за производство и обезбедување на комплетна сегрегација на хемиските премази при нивно транспортирање
- Навремена подготовка на производствената линија со потребните алатки за следно производство како и нивно чистење, проверка за оштетеност, потпишување за исправност и враќање на определената палета
- Користење на матрицата за алатки потребни за подготовка на линија
- Чистење на линијата, цревата за транспорт на хемиските превлаки и алатките кои служат за апликација на хемиските премази
- Чистење на резвоарите и дозирачките станици во кои се произведуваат хемиските превлаки
- Транспортирање на хемиските превлаки навремено пред почеток на следното производство со користење на MES програма
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?
- Минимум основно образование
- Работно искуство во производствени капацитети
- Прецизност и способност за внимание кон детали
- Висок степен на енергичност
Позицијата подразбира работа во три смени.
Како да аплицирате?
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство, ве молиме аплицирајте преку полето Брза Апликација.