Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС-Економски факултет - отсек сметководство и ревизија
- Најмалку 3 години работно искуство како сметководител
- Поседување на уверение за овластен сметководител
- Да се достави потврда дека ги извршувале работите и работните задачи кои се бараат со огласот од фирмите во кои работеле
- Одлични компјутерски вештини, пред се познавање на Microsoft word и excel
- Познавање на сметководствени стандарди
- Комуникациски способности
- Аналитичност, прецизност и запазување на детали во работењето
- Навременост и запазување на рокови за завршување на работата
- Систематичност, организираност и иницијативност
- Англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Работни задачи:
- Книжење на дневни трансакции и одговара за ажурноста и точноста на истите
- Контрола на аналитички картици со главна книга
- По потреба ги архивира документите за кои е и одговорен
- Одговара за комплетноста и точноста на подготвените извештаи и податоци
- Работи на контрола на сметките за побарувања и обврски и нивно сложување и дава предлози за сложување со клиенти
- Креирање фактури, одобренија и други финансиски документи
- Водење и контрола на материјално со финансово сметководство
- Комуникација со странки, државни органи и други институции поврзани со делокругот на работењето
- Контрола на усогласеноста на работењето од правен и даночен аспект
- Организирање и спроведување на контролни периодични и годишни пописи согласно законите и прописите
- Да чува деловна тајна
- Врши и други работи и работни задачи кои произлегуваат од делокругот на неговата работа и по налог на Финансискиот директор и шефот на службата
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време од 6 месеци со можност за продолжување
- Работното време е од понеделник до петок и изнесува вкупно 40 часа
- Висина на нето плата 40.000 денари
- Обезбеден топол оброк
Напомена:
- Апликациите на кандидатите кои немаат работно искуство од областа нема да се разгледуваат
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите
- Избор ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување
- Испратете го вашето CV (молба) преку полето Брза Апликација
- Апликациите да се достават заклучно со 30.11.2024 година
Пекабеско АД