Работник во производство
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
Одговорности и задачи:
- Работи на производни линии за припрема и полнење на сокови,
- Врши мануелно (рачно) и/или машинско (роботизирано) пакување на готовиот производ;
Потребни квалификации:
- Минимум ССС.
- Со или без работно искуство.
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
- Ефективна вербална комуникација.
Ви нудиме:
- Минимална месечна плата во висина од 32.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, бонус и други, согласно законските прописи)
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Исплата на прекувремени часови;
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 13.11.2024 до 26.11.2024).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот, НЕМА да бидат разгледани!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!