Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - АТКО КОНСАЛТИНГ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТКО КОНСАЛТИНГ ДОО
  • Адреса: Пушкинова 13/4, 1000 Скопје
 

Повеќе од девет децении, ATКO поседува, управува и развива разновидно портфолио на недвижности, првенствено во и околу Њујорк, и обезбедува низа услуги на други сопственици на недвижности. ATКO моментално поседува и управува со повеќе од 20 згради кои се движат од високи канцелариски и станбени кули до малопродажни имоти, од еднокатни индустриски објекти до високотехнолошки флекс згради. Како клиент во Македонија постои од 2012 година. Во 2021 ја отвара својата прва канцеларија во Македонија и таа станува дел од тимот за Сметководство и Финансии на компанијата. Компанијата нуди конкурентна плата која одговара на позицијата и одговорностите, континуиран развој со обука на работното место. Работа со искусни професионалци, во пријатна работна средина.

Поради поклопување на работните часови со канцеларијата во Америка, работните часови на канцеларијата во Скопје се од 12 до 20 часот.

АТКО КОНСАЛТИНГ објавува оглас за работна позиција Сметководител, за работа во попладневни часови, од 12 до 20 часот. 

Компанијата нуди конкурентна плата која одговара на позицијата и одговорностите. Континуиран развој со обука на работното место. Работа со искусни професионалци, во пријатна работна средина. 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Внесување и обработка на фактури;
  • Внесување и обработка на депозити;
  • Порамнување со банкови изводи;
  • Секојдневна комуникација со добавувачи, клиенти и колеги од странство;
  • Внесување и обработка на договори за закуп на канцеларии и станови за домување;
  • Подготовка на месечни сметки за клиенти/закупци;
  • Креирање на буџети;
  • Креирање и поднесување на месечни финансиски извештаи до менаџерскиот тим и сопствениците на компанијата.

Знаења и способности:

  • Завршено високо образование – Економски факултет;
  • Напредно познавање на Англиски јазик;
  • Високо развиени комуникациски вештини;
  • Развиени аналитички, организациски и планерски способности;
  • Високо мотивирани, иницијативни, про-активни;
  • Способност за брзо учење, тимска работа, посветеност и динамични рокови.

Заинтересираните кандидати со испраќање на своите биографии и мотивационо писмо на Англиски јазик можат да аплицираат преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде