Хотелот Stone Bridge се наоѓа веднаш до Камениот мост, кој датира од 15-ти век и е главен симбол на Скопје. Сместен директно во културниот и комерцијален центар на градот, хотелот е одлична база од која може да започнете со откривање на македонското наследство. Пред самиот хотел се наоѓа плоштадот Филип II заедно со музеите и четирите прекрасни фонтани. Хотелот располага со 30 соби, 9 апартмани и 1 Претседателски апартман Султан. Сите соби се опремени со климатизација со сопствена регулација, LCD телевизор, директна телефонска линија, безжичен и кабелски интернет, мини бар, сеф и бања со џакузи кабина.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.
Aгент за продажба
Обврски и одговорности:
- Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
- Организирање, координирање и водење на продажните активности
- Организирање и водење на состаноци и презентации
- Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите
- Изработка на понуди
- Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
- Стратешко планирање и развој на производи и услуги
- Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите
- Го известува директорот за продажба во случај на констатирани проблеми и дава предлози за нивно надминување
- Високо образование – Економски факултет
- Најмалку 2 години работно искуство во продажба, пожелно во хотелска индустрија
- Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација), познавање на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност
- Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
- Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност.
- Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
- Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.