Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - НАС МБД дооел Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • НАС МБД дооел Скопје
  • Адреса: Борис Трајковски 198 А, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.nas.com.mk

Друштво за трговија и услуги НАС МБД дооел Скопје, за потребите на своето работење, објавува оглас за 1 (еден) овластен сметководител, за следното работно место:

Овластен сметководител за внатрешно сметководство

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование-Економски факултет
  • Поседување на уверение (лиценца) за овластен сметководител
  • Претходно работно искуство на иста позиција од минимум три години
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Познавање на англиски јазик
     

Одговорности и задачи:

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
  • Контрола на книжење на финансиската и материјална документација
  • Изготвување на завршни годишни сметки
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка
  • Пресметка на плати
  • Плаќање на налози
  • Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
  • Подготовка на финансиски извештаи
  • Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандардите за квалитет во компанијата
  • Комуникација со сите релевантни државни институции 
     

Способности и професионални вештини:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за работа при кратки рокови
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Систематичен пристап при работењето, ориентација кон детали
  • Поседување на висок интегритет и лојалност
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност
  • Почитување и примена на пропишаните процедури  и интерни акти на компанијата
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

Работната позиција е за територијата на град Скопје – Кисела Вода.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака за работна позиција внатрешен овластен сметководител или обратете се на телефонскиот број 072/222-737. Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде