Vrabotuvanje.com - Референт за набавки и достава - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавки и достава

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цела – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

Имајќи го предвид нашето разбирање и моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа: 

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ И ДОСТАВА
 

Опис на работата:

  • По налог на раководител вршење набавки за потребите на компанијата, спремање на роба во магацин и дистрибуција на стока со службено возило на Друштвото;
  • Одговорен за утовар и истовар на стока од/во возилото;
  • Подигање на стока од царински склад;
  • Контрола на стока-при превоз и при подигање/оставање како и проверка на пропратна документација (фактури,испратници,повратници..);
  • Одговорен е за возниот парк на друштвото, односно се грижи за сервисирање на возилата, навремена регистрација и други работни активности по налог на одговорно лице;
  • Достава на документација;
  • Врши и други работи кои спаѓаат во делокругот на работењето;


Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Искуство во работата најмалку 2 години;
  • Возачка дозвола Б категорија.


Што нудиме:

  • Мотивирачка атмосфера и плата по договор;
  • Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30;
  • Колективно осигурување од несреќа;
  • Можност за напредување во кариера
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ И ДОСТАВА.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде