Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент, компанија од Скопје која се занимава соВработување ХР Солутионс за потребите на клиент, компанија од Скопје која се занимава со продажба на рекламен и канцелариски материјал, има потреба од вработување на:
Агент за продажба
Опис на работно место:
- Подготовка и презентација на креативни и конкурентни понуди за продажба
- Идентификација на потребите на клиентите и обезбедување на професионални консултации
- Пресметка и финализирање на цените во согласност со очекувањата на клиентите
- Посета и развивање на односи со компании и потенцијални клиенти
- Долгорочна грижа и одржување на успешна клиентска база
- Следење на пазарните трендови и конкурентската динамика
- Остварување на поставените продажни цели и таргети
- Учество во реализацијата и развојот на стратегијата на компанијата
- Развивање и проширување на мрежата на клиенти преку доверба и персонализирани односи
Квалификации:
- Минимум средно образование
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
- Возачка дозвола од Б категорија
лични карактеристики:
- Ориентираност кон постигнување резултати врз основа на лични перформанси
- Вештини за градење долгорочни и професионални односи со клиенти
- Одлични организациски, презентациски и комуникациски вештини
- Иницијативност, упорност, одговорност и висока самомотивација
- Чесност и лојалност како основни принципи
Што нудиме?:
- Конкурентна плата со можност за месечни бонуси
- Работно време од понеделник до петок, 08:00-16:00 часот
- Работа во професионална и мотивирачка средина ориентирана кон заеднички успеси
- Можности за напредок и наградување во рамките на компанијата
- Поддршка од менаџментот при продажните процеси и организација
- Континуирана обука и едукација од страна на менаџментот и надворешни консултанти
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација.