МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци.
Нашиот успешен тим има потреба од:
- Маркетинг специјалист (2 позиции)
Барања за позицијата:
- Завршено високо образование (Економски Факултет - Оддел Маркетинг ќе се смета за предност)
- Работно искуство најмалку 3 години во маркетинг агенција или во маркетинг сектор
- Одлично познавање на работа со Microsoft Office и социјални мрежи
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
- Разбирање на пазарот, систематичност, аналитичност, организираност
- Иницијативност, креативно размислување, познавање на актуелни маркетинг трендови и канали на комуникација
- Способност за извршување на повеќе работни задачи истовремено
- Способност за работа во тим
- Способност за менаџирање и контролирање на обврските
- Познавање на Photoshop / Illustrator ќе се смета за предност
Компанијата нуди:
- Динамична и професионална работна средина
- Тимска атмосфера
- Обуки и можност за професионално напредување
- Стимулативен финансиски пакет
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација, најдоцна до 20.11.2024.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата