ПЗУ БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА, објавува оглас за работната позиција:
МЕДИЦИНСКО ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР
Потребни квалификации:
- Завршено средно медицинско училиште –лаборантски техничар,
- Лиценца за работа,
- Задолжително претходно работно искуство – најмалку 6 месеци.
Потребни способности и вештини:
- Работно користење на компјутер – MS office,
- Возачка дозвола Б категорија – задолжително,
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа ,
- Познавање на административна работа во областа (работа со Мој термин, ФЗО, наплата) ќе се смета за предност.
Главни одговорности:
- Прием на пациент во просторија за земање на примероци,
- Идентификување на пациентот согласно Упатот за изработка на анализи,
- Подготовка на пациент пред земање на примерок,
- Соодветно идентификување и нумерирање на примерокот со бар код од лабораториски систем,
- Земање примерок за анализа од возрасен пациент и/или пациент дете.
Ние ви нудиме:
- Пријатна работна атмосфера,
- Можност за професионален напредок,
- Конкурентни месечни примања со надоместоци и бонуси,
- Бенефиции за лојални вработени.
Известување за приватност на кандидати за вработување
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
**Ги замолуваме само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да аплицираат на огласот.
**Со поднесување на оваа апликација сте согласни да бидете дел од Базата на потенцијални кандидати и за идните новоотворени работни позиции во текот на годината. Доколку сакате Вашата Професионална биографија CV да биде избришана од системот по истек на овој Оглас за вработување, Ве молиме да поднесете барање за бришење на горенаведената е- маил адреса