Vrabotuvanje.com - Комерцијалист/ка - Скопје - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист/ка

Скопје

Рок за пријавување:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

 

КОЛИД С Тим
Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, која во своето портфолио застапува над 42 реномирани брендови, меѓу кои SUNDAY, KRASH, BARILLA, MUTTI, WUDY, DUEL, PIVAC, POLIMARК, RICE UP, ABC, YUHOR, CALVO, COSTA D’ORO, RIBELLA, HELLENA, со три дистрибутивни складишта низ земјата, сопствено производство и над 350 вработени
 
Има потреба од вработување на работно место:
 
Комерцијалист/ка 
(ТТ канал за реон Скопје)
 

Работни задачи:
  • Извршува редовна посета на сите коминтенти со кои компанијата соработува во горенаведениот реон, со цел продажба на производи од портфолиото на Колид С Тим, согласно нивната распределба по дивизии. 
  • Посетата на локалите ја врши според претходно утврден и зададен рут план.
  • Врши преглед на состојбата во продажното место (store and stock check)
  • Врши презентација на иницијативи
  • Води грижа и обезбедува оптимална залиха на производи кај коминтентите, минимизира и разрешува out of stock ситуации.
  • Се грижи и обезбедува наплата од сите коминтенти на својот реон.
  • Прави нарачки на производи преку таблет. 
  • Води и издава уредна финансиска документација за извршената продажба 
  • Работните задачи ги извршува во согласност со утврдените месечни планови и ги следи зададените таргети за продажба. 
  • Спроведува одредени мерчендајзинг активности, подредување на производите по стандарди, контролирање на нивните рокови (ФИФО модел), следење на залиха на производи кај коминтентите. 
  • Ги контролира продажните цени на производите во продажните места и имплементира договорени маркетинг активности (летоци, акции и сл.)
  • Активно ја следи конкуренцијата и дава предлози за подобрување на пласманот на производи и нивните позиции,  со цел зголемување на продажбата  
  • Изготвува понуди за веќе постоечките и за нови коминтенти, договара валути на плаќање и сл. 
  • Дава предлози за унапредување на продажбата и укажува на можности за соработка со нови коминтенти.
  • Води грижа и ги одржува во исправна состојба доверените средства за работа
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со коминтентите
  • Професионално однесување
  • Организираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Работа и познавање на MS Office пакет
  • Возачка дозвола Б – категорија
  • Претходно работно искуство од мин. 1 година ќе се смета за предност. 
 
Колид С Тим ви нуди:
  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на опредлено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Основна плата + додатоци на плата согласно законските прописи, бонуси врз основ на реализација
  • Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
  • Пакет производи за празници
  • Исплата на регрес за годишен одмор
  • Службено возило
 
*Предвиденото работно време за оваа позиција е од 08.00 до 16.00 часот (од понеделник до петок)
 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Комерцијалист/ка (реон Скопје), најдоцна до 26.11.2024 год.
 
Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот. 
 
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија, да ги испратат своите апликации, бидејќи Колид С Тим нуди неограничени можности за сите неограничени иновативни идеи насочени кон резултати. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде