За потребите на свој клиент, регионална компанија со дејност трговија со малопродажни објекти, објавува оглас за регрутирање на професионални кадри – потенцијални кандидати за позицијата:
Менаџер на сектор за аналитика (Data analyst)
Главни одговорности:
- Анализа и подготовка на извештаи за различни категории
- Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи
- Анализа на комерцијални и финансиски податоци (продажба, попусти, маржи, профит, удел во вкупната категорија на производи)
- Толкување на месечни извештаи за пазарот
- Рационализација на асортиманот со производи
- Дефинирање на кодови во систем SKU-а (Stock Keeping Unit).
- Поднесување предлози за зголемување на учеството на пазарот
Потребни квалификации, способности и вештини:
- ВСС
- Развиени аналитички способности
- Развиени организациони споспобност, менаџирање со тим од 6 до 10 вработени
- Напредно познавање на MS Office пакетот, Excel напредно познавање и сл.
- Развиени комуникациски, преговарачки и презентерски вештини
- Добро познавање на англиски јазик
- Работно искуство на иста/слична позиција ќе се смета за предност
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето за Брза Апликација со назнака за позицијата “ Менаџер на сектор за аналитика (Data analyst)”