Vrabotuvanje.com - Референт за побарувања (Accounts Receivable) - Скопје - Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за побарувања (Accounts Receivable)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје

Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија. 

Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.

За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.

Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција:

Референт за побарувања (Accounts Receivable)

Твоите одговорности се:

  • Пресметување, евидентирање, внесување и обработка на финансиски податоци
  • Подготовка на фактури на клиентите врз основа на сметководствени процедури
  • Истражување на несогласувања во фактурите за да се утврди точноста на трошоците
  • Усогласување на плаќањата со броеви на фактури или наплата на сметки
  • Управување со барањата на клиентите во врска со проблемите со наплатата
  • Управување со книга за побарувања и датотеки за побарувања
  • Доставување дневни, неделни и месечни извештаи до раководството за работењето на побарувањата

Ние ти нудиме:

  • Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
  • Стекнување на дополнителни вештини за работа
  • Можност за кариерен развој​

Она што е потребно за добар почеток е:

  • Минимум 240 кредити на стручна подготовка (економски факултет)
  • Уверение за сметководител
  • Изградени вештини за организирање и комуникација
  • Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
  • Изградени способности за тимска работа
  • Работа на компјутер ( Microsoft Office, напредно познавање на Excel)
 
Ако себе си се гледаш во овој опис, испрати ни ја својата биографија преку полето "Брза Апликација"!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде